Кејти Пери и Орландо Блум го очекуваат првото дете

5 март 2020

Британската пејачка, Кејти Пери, вчеравечер објави ново видео, „Never Worn White“, во кое откри дека е бремена и дека со Орландо Блум го очекуваат првото дете.

Секако, во прв момент се појавија сомнежи, да не се работи само за исцениран момент од спотот, но пејачката на обожавателите им ги откри убавите вести на својот Инстаграм профил.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KATY PERRY (@katyperry) onMar 4, 2020 at 9:02pm PST

„Многу работи ќе се случуваат летово. Не само што ќе родам бебе, буквално, туку ќе се родат и некои работи (фигуративно) на кои вие долго чекате. Навистина сум возбудена. Ние сме возбудени и ова е веројатно тајната што сум морала најдолго да ја чувам. Сакав да ви кажам сè, но знаев дека ќе ви ги кажам убавите вести на најдобар можен начин - преку музика затоа што, веројатно тоа е начинот на кој јас зборувам, на кој меѓусебно зборуваме“, се пофали Пери, која додаде дека во бременоста зачестено јаде тако сос и истото бурито со недели.

За потсетување, Орландо Блум веќе има еден син, 9-годишниот Флин, од бракот со Миранда Кер, со кој Пери вели дека одлично се разбираат.

Извори блиски до двојката откриваат за „Ентернтејмент њуз“ дека Пери и Блум планираат две венчавки годинава, како и тоа дека листата на гости е веќе завршена.

Тие врската ја започнаа во 2016 година, на забавата после „Златните глобуси“, а се свршија минатата година.

Објавено:
5 март 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
634 пати