Меган Маркл, Емили Блант и Селин Дион покажаа како се носат интензивни бои

9 март 2020

Понекогаш некои трендови ни се допаѓаат кога ќе ги видиме на друг, но кога ќе се обидеме да ги имплементираме во нашиот стил, тогаш не ни се допаѓаат толку многу.

Сепак, можеби не ги имплементирате на вистинскиот начин или пак треба да внимавате на материјалите, кроевите за тој тренд да блесне во полн сјај и на вас.

Веруваме дека ова може да се стави во конктекст и на интензивните бои.

Но, ако бараме соодветни примери, тогаш ние имаме три вистински предлози за вас. Имено, изминатиов викенд, три познати дами се појавија во јавноста во комбинации кои во прв план ја ставаат бојата и со тоа го привлекуваат вниманието.

Меган Маркл во огнено црвен фустан

@sussexroyalmh; @unainvitadaconestilo;

Двојката Хари и Меган викендов во Лондон ги извршија последните должности како кралска двојка, по што заминуваат од британското кралство. На настан во Ројал Алберт Хол, Хари се појави во униформа, додека пак, Меган во долг фустан во интензивна црвена нијанса од британскиот бренд „Safiyaа“, во комбинација со чанта со потпис на Маноло Бланик и салонки со висока потпетица во истата нијанса. Маркл изгледаше елегантно и навистина кралски.

 

Селин Дион во интензивна пинк нијанса

@harpersbazaarus; @seedinc3

Популарната пејачка неодамна одржа концерт во Њујорк, а вчера беше снимена на улиците во Њу Џерси во уште едно фантастично модно издание. Имено, Селин (51) се појави во комплетно пинк комбинација. Таа носи класични панталони со висок струк, кои се искомбинирани со кошула во истата нијанса, палто со интересен израз во горниот дел и килт, сè од брендот „Peter Do“, комплет кој веќе е распродаден. Со ова Дион покажа дека доколку умеете да носите, бојата не е никаква пречка за годините.

 

Емили Блант во кожен фустан во корална нијанса

@mycelebritygram

Британската актерка вчера се појави во Њујорк на премиерата на хорор филмот „A Quiet Place“, а на истата се појави во фантастична модна комбинација. Блант одбра кожен фустан, што е апсолутен тренд и тоа во една од популарните нијанси - интензивно корална. Фустанот кој во долниот дел е со карнер од тантела, е мошне женствен и совршено ја истакнува нејзината фигура. Со златни обетки, клач чанта и сандали на ремче, таа изгледаше фантастично.

Објавено:
9 март 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
741 пати