Ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер веќе е едно од водечките лица на новата генерација модели. Речиси и да нема модна ревија без таа да се појави.
И додека сите мислат дека живее гламурозен живот составен од патувања, убава облека и секако убави финансии, 18-годишната Гербер сподели фотографии кои ја покажуваат другата страна на приказната.
Таа на својот Инстаграм профил покажа дел од она што се случува за време на модниот месец, кога се одржуваат четирите големи модни недели, една по друга, последователно.
View this post on Instagram
Исто така, поради природата на работата со која се занимва, Каја го завршила средното школо онлајн. Нејзината диплома е од „Средно училиште Малибу“, кои овозможиле онлајн часови, а моделот во една прилика за „Харперс Базар“ ќе изјави дека од сите предмети посебно уживала во математиката, бидејќи едноставно го сака тој предмет, а во контекст на тоа поради покажан одличен успех на ова поле, и како дел од математичкиот тим на училиштето се здобила и со „National Honor Society“ признание.
Инаку, таа со уште две манекенки, ја краси насловната страна на новото издание на американски „Вог“. „Убавина без граници“ е главната тема на априлското издание на магазинот, во кое Гербер зборува за тоа дека нејзината генерација допрва ќе го крене својот глас и ќе се избори за своите права. Воедно, ова е нејзина прва насловна за американското издание на „Вог“, што како ќе сподели на социјалните мрежи, посебно ѝ значи.
View this post on Instagram