Must have: Фустан на преклоп со цветен принт
•
23 март 2020
Сите сме со надеж дека вонредната ситуација што побрзо ќе се надмине и потоа, со повисока свест ќе му се вратиме на нормалниот тек на животот и уште повеќе ќе ги вреднуваме неговите убавини.
А кога зборуваме за убавини, модниот дизајн е една од нив.
За разубавување на денешниот (повеќе снежен и зимски, отколку пролетен) ден, ви посочуваме еден романтичен и женствен дизајн потпишан од Елена Лука, од пролетната колекција „Sky's flowers".
Фустан на преклоп, со нагласен струк е модел што прилега на сечија конституција, па затоа ова парче е меѓу фаворитите.
Цветниот принт и префинетиот материјал, го надополнуваат неговиот раскошен изглед.
Може да го нарачате онлајн, на е-продавницата на Елена Лука.