Сабота во фармерки и блузичка со принт
•
9 мај 2020
Добро утро. Сабота и сонце - совршена комбинација за да имате одличен ден. Затоа нашиот денешен предлог е лежерна, а сепак впечатлива комбинација, одлична доколку планирате да шетате малку.
Облечете ги омилените фармерки и искомбинирајте ги со блузичка со принт. Во конкретниов случај, блузата е во тробојна комбинација - бела, црна и окер.
Црни балетанки, бела чанта и бели ретро очила се изборот на модни додатоци со кои комбинцијата е заокружена, а вие направете си свој избор.
За што и да се одлучите, понесете го доброто здравје, држете растојание и зачувајте го здравјето.
Ви посакуваме убав викенд.