Лина Микал е победник на MUUSE x Vogue Talents Young Vision Award 2013

8 октомври 2013

Броењето на гласовите заврши. Вљубениците во модата од целиот свет го избраа овогодинешниот победник на меѓународниот натпревар MUUSE x Vogue Talents Young Vision Award 2013: Лина Микал.

Лина Микал, е швеѓанка која дипломирала на Beckmans колеџот за дизајн во 2013 година. Гласовите и симпатиите на публиката ги освои со колекцијата насловена 'Heathen Hearts', која е инспирирана од нејзиниот роден крај.

Лина Микал за тимот на MUUSE изјави:

„Се чувствувам како маратонка која го трча последниот круг и победува. Срцето ми чука како часовник. Денес се што ќе напишам ќе биде со големи букви!

 

 

Со оваа победа, Лина Микал ќе му се приклучи на тимот на Muuse и ќе дизајнира сопствена мини (капсулна) колекција.

„Не го кријам задоволството од изборот. Кревките форми на Лина ги надминува границите на модниот свет. Се работи за мошне емотивна линија. Со нетрпение го чекам моментот кога ќе ја видиме во нејзино вистинско светло како стои рамо до рамо со најдобрите во модната индустрија“,изјави Гит Џонсдатер, ко-сопственик и стратешки директор во Muuse.

Да напонеме дека на овој конкурс учествуваше и наша македонска дизајнерка, Елена Спасовска која не успеа да се пласира во првите десет. Повеќе среќа наредната година.

Објавено:
8 октомври 2013
Категорија: 
Сцена