Во морето неубави вести насекаде околу нас, денеска денот го осветли и една прекрасна и тоа од дома - 18-годишната Стефанија Гаштарска е првата Македонка која успеа да стане дел од ансамблот на добропознатиот руски театар „Бољшој“. Сон што многумина веројатно го посакуваат, но на неа ѝ успеа да го оствари.
View this post on Instagram
За потсетување, таа пред две години заигра на импонзантната сцена, во улога на принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“. Се работеше за балетска гала вечер посветена на кореографот Мариус Петипа, а сцената ја делеше со уште 240 претставници од најдобрите балетски школи во Русија.
Убавата вест на социјалните медиуми ја споделија и од компанијата „Гришко“ - производител на светски познати балетанки, чиј бренд-амбасадор е токму младата Гаштарска.
Честитки и ѝ посакуваме многу успеси и понатаму!