Екипата на „Медена земја“ повикана да биде дел од Академијата за филмски уметности и науки

1 јули 2020

Академијата за филмски уметности и науки објави дека го проширува своето членство и упати повик до 819 уметници кои се истакнале со својот придонес преку своите дела. Меѓу нив се и членовите на екипата на „Медена земја“, режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска (во областа на докуметаристиката), како и продуцентот Атанас Георгиев (во областа на монтажа и докуменаристика).

Инаку, класата 2020 ја сочинуваат 45% жени, 36% уметници од малцинските етнички/расни заедници, 49% меѓународни уметници од 68 држави. Меѓу нив се и 75-те номинирани за „Оскар“, вклучувајќи ги и 15-те добитници на престижната награда, како и петте добитници на научни и технички награди.

„Академијата е среќна што ќе им посака добредојде на овие неверојатни патници во филмските уметности и науки. Секогаш сме прегрнувале несекојдневни таленти што се рефлектира со богата разновидност во нашата глобална филмска заедница, а никогаш повеќе од сега“, вели претседателот на академијата, Дејвид Рубин.

Тие што ќе ги прифатат поканите, ќе бидат единствените што ќе влезат во членството на Академијата за 2020.

За потсетување, во 2016 година, Академијата за филмски уметности и наукин објави промени во нејзините правила за членство, кои имаат за цел да го направат гласачкото тело за Оскари поразновидно, што подразбираше родова рамноправност, како и одземање на гласовите на оние што не се активни во индустријата повеќе од 10 години.

Неодамна пак, до медиумите ја пласираа информацијата дека во категоријата за најдобар филм сега ќе можат да се најдат фиксно 10 филма (претходните години бројката варираше), а правилото ќе почне да се применува на 94. издание на „Оскарите“ во 2020 година. Покрај ова, планирано е и имплементирање на нови барања за квалификуваност која во фокус ќе ги стави разновидноста.

Исто така, организацијата објави дека се обврзува на нова фаза на иницијативи за разновидност наречена „Апертура на Академијата 2025", како и иницијативи за инклузивност. Првата фаза, која заврши оваа година, беше како одговор на критиките #OscarsSoWhite.

 Целата листа на поканети можете да ја видите на линкот тука.

„Медена земја" беше номиниран за „Оскар“ во две категории - за најдобар филм и за најдобар документарен филм.

 

Објавено:
1 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
122 пати
Тагови: 
Медена земја