Во ова време кога вниманието на сите пред сè е насочено кон заштита на примарното здравје, не смееме да заборавиме да се грижиме и за нашето тело и изглед.
За сите вас кои сè уште немате слушнато за aргановото масло еве неколку информации кои ги обезбедивме за вас благодарение на Vikovita Beauty, за тоа зошто токму aрганот треба да е вашиот избор за нега на телото.
Арганот, иако оригинално потекнува од Мароко, денес е нашироко познат во светот како додаток во козметиката, исхраната па дури и во медицината.
Во прилог еве 7 причини зошто токму ова растение е најдобро за вашата кожа и тело:
1. Арганот е богат со нутритивни состојки идеални за кожата
Арганoвoтo масло е богато со масни киселини, а дури до 36% од масните киселини се Oмега 6 што го прави одличен извор за храна за организмот, а исто така содржи и голема концентрација на витамин Е кој е значаен антиоксиданс и важен фактор за здравјето на кожата.
2. Поседува против-воспалителни својства
Без разлика дали станува за повреди или инфекции на кожата, аргановото масло богато со витамин Е влијае на смирување и регенерација на оштетената кожа.
3. Го стопира стареењето на кожата и ја обновува истата
Една од најпопуларните карактеристики на аргановото масло е неговото дејство против стареење на кожата. Затоа и aргановото масло е една од примарните состојки во колекцијата на Vikovita Beauty.
Благодарение на неговите регенеративни својства ја обновува, хидрира и затегнува кожата, а исто така го враќа и младешкиот сјај.
4. Влијае и на заздравување на рани
Моќните регенеративни својства на аргановото масло овозможуваат дури и заздравување на рани, отстранување на пост-оперативни и пост-породилни лузни на кожата. Идеално е за аплицирање не само на лицето и околу очите туку и за целото тело.
5. Ја хидрира кожата, но и ги обновува и потхранува влакната на косата
Арганот не само што делува позитивно на обновувањето на кожата и хидрирање на истата, туку може позитивно да влијае и на влакната на косата. Нанесен во форма на капки од коренот до врвот, длабоко продира до коренот на влакното, но и во самото влакно, го хидрира и зајакнува и ја подобрува цврстината на врвовите што спречува пукање и нивно оштетување.
6. Може да се користи како третман против акни
Благодарение на анти-инфламаторното дејство на аргановото масло, го намалува воспалението и црвенилото кое се јавува околу акните и ја регенерира оштетената кожа, а со тоа и помага во редуцирање и целосно исчезнување на акните.
7. Ги уништува оштетените клетки и спречува посериозни заболувања
Некои студии покажуваат дека аплицирањето на аргановото масло влијае кон забавување и стопирање на раст на канцерогени клетки, но и влијае на балансирање на нивото на шеќерите и мастите во организмот.
Тоа го прави природен еликсир кој го враќа балансот, но и младоста во телото.
Доволно причини за да почнете да го користите?
Доколку ви е важно што нанесувате на вашата кожа и тело и преферирате природни состојки без штетни хемикалии, тогаш погледнете ја колекцијата на производи од арганово масло на Vikovita Beauty и вратете ја свежината и младоста на вашиот изглед.
Vikovita Beauty колекцијата од арганово масло во комбинација со маслиново масло и екстракт од чиа, е изработена од 100% природни состојки кои се дерматолошки тестирани и клинички потврдени дека делуваат позитивно и хранливо на телото.
Ве покануваме да погледнете на www.vikovita.com и да откриете еден сосема нов свет во природната органска козметика кој ќе ви помогне да останете здрави и убави.
*Комерцијална објава