Шест гревови на убавината

13 октомври 2013

Во минатото луѓето знаеле добро да ги искористат природните рецепти за одржување на убавината и здравјето, но денес модернизацијата ни овозможува многу полесен пристап кој понекогаш преминува во нездрава навика.  Доколку се пронајдете во навиките во продолжение, ние ви предложуваме да ги согледате последиците и да превземете нешто во врска со тој проблем.

Грицкање на ноктите

Свесни сте дека визуелно ноктите изгледаат ужасно доколку се грицкаат, но треба да бидете свесни дека секојдневно допирате предмети кои се полни со бактерии, а со самото грицкање на ноктите овозможувате полесен пристап на бактериите во вашиот организам, кое во најмала рака може да доведе до труење. За да бидете физички здрави и сепак вашите раце да изгледаат како да сте вистинска дама, направете маникир и обидете се да се одвикнете од оваа ужасна навика.

Честа промена на бојата на косата

Секоја промена е добредојдена доколку ве прави да се чувствувате убаво, но понекогаш среќата треба да знаете да ја барате и во ситниците. Не го следете примерот на холивудските ѕвезди кои поради професионални ангажмани постојано менуваат стилови или бои на коси. Сепак некои од нив користат перики, а за останатите се грижи цел тим професионалци кои сигурно нема да дозволат големо оштетување на косата кое на жалост на вас ќе ви се случи. Доколку сакате промени, испробајте нов начин на шминкање или купете нов кармин кој со убавата насмевка ќе биде одлична формула за успех.

Неизмиена шминка пред легнување

Можеби пудрата е добра заштита во текот на секојдневните обврски поради прашината и нечистотиите, но никако не легнувајте со шминка. Со тоа кожата нема да може да дише, се создаваат акни, или пак инфекција на очните капаци. Дури и најголемите професионалци во светот на мејкапот ова го препорачуваат како прво и основно правило.

Често одење на солариум

Честото одење на солариум ќе предизвика предвремено стареење на кожата, а дали има потреба да ве потсетуваме дека може да биде и фатално по вашиот живот? Доколку сакате потемен тен ние ви препорачуваме полесна варијанта, користење на средства за самопотемнување, а всушност најдобро би било пред се да ја негувате вашата кожа таква каква што е бидејќи природната убавина никогаш не излегува од мода.

Претерано избелување на забите

Убаво е од време на време да одите на контрола на забите и да ги избелите, но се до нормална граница. Претераното избелување ќе ве направи да изгледате вештачки, а со тоа може да предизвикате инфекција поради користењето на хидроген пероксид.

Користење на тестер за шминка

Иако тоа е можеби единствениот начин да ја испробате шминкате за да видите дали ви одговара, сепак треба да знаете дека со себе носи ризик од добивање херпес или пренесување на бактерија. А вие сами одлучете кој начин ќе го одберете.

Објавено:
13 октомври 2013
Категорија: 
Убавина