Како да носите и кармин и маска?

16 октомври 2020

Жените кои не можат да си го замислат излегувањето од дома без кармин, се соочија со проблем за време на пандемијата при носењето маски.

Она што најмногу предизвикува нервоза е што ако ставите кармин, автоматски значи дека маската ќе ја извалкате, тој ќе се размачка и по маската, а може и на лицето, па голема е веројатноста кога ќе ја симнете заштитната маска да не сте во баш најдобро издание.

Поради тоа, голем број жени одлучуваат и да се збогуваат со карминот во ова време кога маската е задолжителна.

Сепак, визажистите велат дека кармин и маска сепак можат да се носат заедно, па за таа цел откриваат неколку совети:

-Усните одржувајте ги хидрирани, но не и лепливи, па вишокот балсам секогаш бришете го.

-Со молив за усни направете основа. Исполнете ја целата површина на усните со него.

-Нанесете кармин, во овој случај најдобро ќе биде да мат, но можете да пробате и некои со мазен и сјаен финиш. Во тој случај направете уште неколку трикови.

-По нанесувањето на карминот, на хартија отстранете го вишокот, а потоа карминот фиксирајте го со пудра во прав (translucent setting powder). Тој создава бариера која спречува пигментите и маслата да остават трагови на маската и ќе дадат мат финиш дури и на најсјајниот кармин. Ако е потребно, последниот чекор повторете го уште еднаш. 

И секако, не заборавајте да ставите маска. 

 

Објавено:
16 октомври 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.043 пати
Тагови: 
маска кармин