Толку од новата романса на Бред Пит?

29 октомври 2020

По три месеци откако јавно ја објавија својата врска, завршува романсата на славниот Бред Пит со 27-годишниот германски модел Никол Потуралски, пренесуваат светските медиуми.

Информацијата ја споделил инсајдер за магазинот „Page six", подвлекувајќи дека всушност врската не ни била толку сериозна колку што се пренесувало во медиумите.

Фото: splash news.com

Откако името на манекенката одекна во јавноста и интересот за неа беше голем, нови интересни информации испливаа на површина, со особено внимание на онаа дека манекенката всушност е во отворена брачна заедница со милионерот и сопственик на ресторани, 68-годишниот Роланд Мари со кого има и син.

Холивудскиот актер и убавец Пит, во 2016 година се раздели од неговата тогашна сопруга Анџелина Џоли, по што за него следуваше тежок период на емотивна рехабилитација.

Објавено:
29 октомври 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
832 пати