Венчаници за интимни венчавки

10 ноември 2020

Досега повеќе пати зборувавме за непредвидливоста од 2020 и за откажаните планови. Некои ги презакажаа, некои паузираа со се' додека не дојдат подобри времиња.

Но, има и такви кои за време на „короната“ одлучија своите врски да ги “зацврстат“ со прстен и да прават големи планови.

Ние денеска вниманието го свртуваме на венчаници кои се идеални за интимни, мали венчавки. Ако сте од оние што замислувале таква венчавка, или пак пандемијата ќе наложи прославата да биде со семејството и најблиските пријатели, можеби овој текст ќе ви го привлече вниманието.

Факт е дека за овој ваш ден, можете да облечете што и да посакате. Сепак, модните познавачи и организаторите на свадбите посочија дека невестите кои имаат мала венчавка се одлучуваат за едноставна, минималистичка креација, која ќе соодветствува на севкупниот амбиент.

Токму такви ќе бидат предлозите и во продолжение, па ако се пронаоѓате во оваа естетика, можеби тука ќе ја најдете и инспирацијата за вашиот невестински изглед.

Објавено:
10 ноември 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.146 пати