Викторија Бекам е кралица на ролките – еве како маестрално ги комбинира

18 ноември 2020

Успешната модна дизајнерка Викторија Бекам изгради модна империја која во голем дел ја базираше на нејзиниот личен моден инстинкт и вкус. Што носи на себе, тоа и продава под својот бренд. Проверена и успешна стратегија.

Низ годините, нејзиниот стил созреа до точна препознатливост. Едноставно знаете што би или не би носела Викторија.

Прочистен, симплифициран, минималистички изглед и сѐ што припаѓа под овие референци.

Овој период од годината, плетените ролки се нејзиниот „must have".

Маестрално ги комбинира во комбинации што секоја жена би посакала да ги има на себе.

Ни се допаѓа што умешно ги вклопува во неконвенционални изданија, па ги носи под кошула или пак со плетен елек и џемпер, ролка-фустаните исто така не се исклучени од нејзиниот потесен избор, а присутни се како во нејзините деловни така и во полежерните, урбани комбинации.

Инспирирани од Бекам, еве како може да носиме ролки оваа зима.

 

Објавено:
18 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.085 пати