Петок во карирано здолниште на преклоп и топол џемпер
•
27 ноември 2020
Добро утро. Петок е, се надеваме дека сте во добро здравје и расположение. Нашиот денешен предлог е составен од карирано здолниште со портокалови тонови. Моделот е на преклоп, со висок струк и ремен кој дополнително ја истакнува половината.
Во комбинација е со портокалов топол џемпер и шал. Изборот на обувки во конкретниов случај се патики, но вие можете да си одберете чизми ако сакате. Додадете капут и уживајте во сончевиот ден.
Инаку, ве потсетуваме дека во тек е обележувањето на 1 дена активизам против насилството врз жените, кое ќе трае до 10 декември, што е уште една причина да облечете портокалово.