Тантелата е фантастична - женствена, романтична, пролетна и летна. Токму затоа сезоните кои следуваат, дизајнерите се одлучија да ја искористат целосно. Веќе не ја имплементираат само во детали како на пример на ракавите или кај деколтето.
Сезонава за тантелата е All In! Фустаните целосно изработени од тантела се модниот крем. Можете да се инспирирате од женствените миди модели како кај Фенди и Шанел, oние кои го љубат А-кројот инспирацијата нека ja побараат кај Стела Мекартни и Валентино, додека долгите бохо модели има кај Ана Су.
Ако се решите летово да носите фустан од тантела, најбезбедната верзија е бел или беж, со тоа што имате најмногу опции за комбинирање со други бои. Црниот е секогаш класика, а во игра се и пастелни нијанси.
Комбинирајте го фустанот од тантела со екстремно контрастни текстури како џинс или кожна јакна, кадифени детали (панделки за коса) или зачувајте ја смиреноста па изберете нежен златен накит и беж сандали.
Зарем летото не е прекрасно кога имаме ваква мода на располагање?!