Сите знаеме по инспирација да посегнеме по социјалните мрежи и странските профили односно блогери. Но, македонската блогерска сцена станува се' побогата, па освен модни имаме и блогери за уредување односно ентериер кои се подеднакво интересни како и некои странски.
И токму оттаму ние одлучивме да се инспирираме кога е освежувањето на домот во прашање.
Ја одбравме жолтата боја како појдовна точка, па ако сакате да направите некоја промена, но не сте сигурни како, веруваме дека фотографиите во продолжение ќе ви помогнат.
Жолтата е секогаш добар избор, а годината плус е и боја на годината според Пантон. Со оглед на тоа дека е пролет, веруваме дека повеќето цвеќиња ги изнесовте на тераса, но сепак оставете и нешто во домот. Ќе ви внесе пријатна атмосфера и релаксиран простор.
Исто така, вазна со цвеќе е декор кој секогаш ќе го разведри просторот, а за кој не ви е потребна голема инвестиција.
Жолтата можете да ја имплементирате и преку парче мебел или тапети, перници, чинии, овошје, детали...
Ако сонцето го нема надвор можете вие да го внесете со жолти елементи. Ако пак го има, така само уште повеќе ќе се засили позитивното дејство и ќе добиете ведар простор во кој ќе сакате да престојувате постојано.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram