Полнети потпечени тортиљи со зеленчук и пармезан
•
19 февруари 2022
Овој викенд нашиот предлог е потпечена тортиља полна со зеленчук и пармезан.
Рецептот го видовме на профилот на @cookingwithbranko, каде е поставено и видео околу подготовката.
View this post on Instagram
Потребени ви се тортиљи, едно јајце (кое се мати) и зеленчук - спанаќ, авокадо, пиперки, морков или друго по желба. Тортиљите ги ставате во четириаголен калап, ги подмачкувате со маслиново масло. Јајцето го матите и во него ги ставате ренданиот морков, спанаќот, малку сол, бибер. Смесата ја истурата во калапот, а потоа го додавате останатиот зеленчук и на крајот додавате рендан пармезан.
Ставате да се потпече додека не добие златна боја.
Лесно и вкусно.
View this post on Instagram