Француската модна куќа „Диор“ на социјалните мрежи ја објави соработката со фудбалскиот тим ПСЖ. Соопштението е проследено и со фотосесија со дел од ѕвездите на францускиот клуб.
Од „Диор“ соопштија дека ова е сосема нова улога и соработка за нив. Како велат тие ќе бидат официјалните „кројачи“ на францускиот фудбалски тим. Зад дизајните се потпишува дизајнерот Ким Џонс.
View this post on Instagram
„Со ова партерство кое ќе се одвива во следните две сезони, комбинациите кои ги осмисли Ким Џонс се комбинација на формални и лежерни парчиња кои на елегантен начин ќе ги задоволат барањата и потребите на играчите. Оваа елегантна облека на најдобар начин ја истакнува традицијата на „Диор“ во комбинација со современи кроеви и силуети во безвременска темносина и црна боја.
На овој начин се поврзуваат две врвни француски имиња. А примерите на кројачкото умештво по кое куќата со право е позната во светот, можат да се видат и од фотографиите“, се вели во нивното соопштение.
View this post on Instagram
Ова е веројатно неочекувана комбинација и соработка, но далеку од тоа дека е прва. Модните брендови често биле ангажирани за изгледот на национални тимови на разни спортски натпревари.
Сепак овде се работи за соработка со клуб, а какви бенефити ќе им донесе на двете страни, ќе покажат статистиките.
View this post on Instagram