„Емили во Париз“ е веројатно една од најкритикуваните серии на „Нетфликс“ изминатава година, но истовремено и една од најгледаните, а сепак успеа да добие и две номинации за „Еми“.
Таа е од оние серии што сфаќате колку се “боза“ но сеедно ги гледате за да се релаксирате. А задолжително има по некој добар фраер што го заслужува вниманието.
Епа доколку ја гледавте првата сезона и втората ја очекувате наскоро (премиерата ќе биде до крајот на годинава), неодамна ги објавија фотографиите од новите продолженија, а ние ви ги презентираме во продолжение.
Она што е познато е дека љубовниот триаголник помеѓу Емили, Габриел и неговата девојка Камила, ќе продолжи. Од друга страна, Емили ќе запознае интересен колега од курсот по француски јазик.
Новата сезона ќе содржи 10 епизоди од по 30 минути.
извор: @emilyinparis;