ЕЛЕНА ЛУКА капутите во боја се нашиот фаворит за оваа сезона !

28 октомври 2021

Есента и студените зимски денови не мора да бидат здодевни и тмурни, а ние имаме одличен предлог како да си ги разведрите - одберете капут во боја!

Ова е еден од најголемите тенденции сезонава, кои мора да признеме многу ни се допаѓаат, а во најновата колекција на ЕЛЕНА ЛУКА најдовме неколку модели што сосема ни го привлекоа вниманието и тоа од неколку причини.

Се работи за капути кои доаѓаат во сончева жолта, топла портокалова, пастелна сива и богата темносина нијанса.

Освен боите, ни се допаѓаат поради внимателно поставените гајки во интересен облик. Должината под колена е совршена и за деловни, поелегантни, но и секојдневни, полежерни комбинации.

Дополнително, имаат џебови и ремен кои не само што естетски го збогатуваат, туку даваат дополнителна доза практичност.

Она што секако е најважно при бирањето на капутот се кројот и квалитетот односно составот, а и тука ги задоволија нашите критериуми.

Со прав крој, но не премногу широк, овозможуваат комотност при носењето, а сепак даваат складна линија на телото. Во составот имаат волна, така што покрај удобност, овозможуваат и топлина. 

Со џинс, фустан, одело, патики, чевли или чизми - изгледаат одлично на се'!

Доколку и вие сакате оваа сезона да внесете малку боја во секојдневието, појдете до салонот на ЕЛЕНА ЛУКА во Капиштец (имаат уште еден во Струмица) и пробајте ги. Или уште поедноставно, кликнете на нивната онлајн продавница elenaluka.com, одберете ја вашата омилена боја и чекајте го на домашна адреса.

А потоа може да започне вашето модно шоу за оваа сезона.

 

Објавено:
28 октомври 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.656 пати