На секои три секунди се продава по едно шишенце: Прогласен е најпродаваниот парфем за 2021 година

11 февруари 2022

Иако на пазарот се појави во 2015 година, титулата за најпродаван парфем ја освои дури годинава. 

Најпопуларен парфем меѓу купувачите на светско ниво за 2021 година е „Sauvage“ на Диор. Ова се однесува и на машката и женската верзија на парфемот.

Мирисот е моќен и интензивен, а Sauvagе Universe e поделен на четири дела, кои се разликуваат по интензитетот -  Sauvage, Sauvage Eau de Toilette, Sauvage Parfum, Sauvage Elixir. Последниот е посебен по тоа што ги помести границите во однос на концентрацијата на парфемот во мирисот и оствари огромен успех. 

Интересно е што за првпат, титулата за најпродаван парфем во светот е примарно машки парфем, досега тоа место било резервирано за женските мириси. 

Како пренесуваат од „Диор“, во изминатата година, на секои три секунди се продавало по едно шишенце од Dior Sauvage парфемите.

Сте го користеле ли досега?

Објавено:
11 февруари 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
6.283 пати