Се ожени Петар Грашо

20 февруари 2022

Познатиот пејач Петар Грашо и неговата партнерка Хана Хуљиќ, ќерка на хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ вчера ја имаа својата свадбена церемонија.

Хрватските медиуми пренесуваат дека ова е свадба на годината и будно е проследена од окото на јавноста.

Црквената венчавка се случила во црквата св. Доминика во центарот на Сплит, на која присуствувале најблиските пријатели и семејството. А потоа, следела прославата, која се одржала во еден сплитски ресторан во сопственост на пријател на Грашо.

Од фотографиите може да се види дека невестата одбрала венчаница со несекојдневна естетика. Се работи за фустан со лелеаво здолниште, додека горниот дел е со дворедно закопчување и спуштена јака, а во комбинација со нежна тантела. Оваа венчаница со ретро естетика е од модниот бренд „Арилео“.

На социјалните мрежи веќе се појавија првите фотографии, а дел од нив можете да погледнете во продолжение.

 

 

 

 

За потсетување, Петар Грашо 25 години беше во врска со хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ, а веста која одекна во мај минатата година за нивното разделување изненади многумина. Неколку месеци подоцна, во ноември се појавија и првите заеднички фотографии од Петар и Хана, а двојката набрзо соопшти дека го очекуваат своето прво дете.

 

 

Објавено:
20 февруари 2022
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
11.195 пати