Сестрите Хадид и Емили Ратајковски на пистата на Версаче во Милано

26 февруари 2022

Донатела Версаче на актуелната модна недела во Милано ѝ се обрати на новата генерација, дизајнирајќи концепт кој нуди различност, нова верзија на женственоста, без да го занемари сексапилот. Односно колекција која новата генерација ја бара.

Ги одбра популарните сестри Џиџи и Бела Хадид, како и Емили Ратајковски, да ја пренесат нејзината модна порака на писта, секако ниту малку наивно.

Силуетата на оваа колекција ја обликува корсетот. Парче по кое Версаче е препознатлив. Сега „слеано" во верзија на фустан, јакна, блуза – речиси секој сет на писта, е акцентиран со корсет.

Вибрантност и еклектика се очигледни и во изборот на бои и дезени, од пепито до нагласување со интензивни зелени, сини, пурпурни, црвени тонови.

Латекс хеланки, мини должина, припиени кроеви – така Донатела директно поентира на секспаил.

Како што претходно ќе изјави Донатела, ова е колекција која според неа се фокусира на прогрес – нешто што младата генерација го вреднува.

Објавено:
26 февруари 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
896 пати