Елегантно издание на кралицата Летиција на Модната недела во Мадрид

17 март 2022

Кралицата Летиција беше присутна на отворањето на 75 издание на Модната недела во Мадрид. Таа присуствуваше на ретроспективна изложба, како и на дел од ревиите, но она што најмногу се коментира е нејзиниот изглед.

Таа се појави во фантастична елегантна бела комбинација. Се работи за комплет од здолниште и  нежна кошула, кои ги искомбинира со чевли и чанта во бургунди нијанса и текстура.

Едноставно, минималистички, а толку ефектно.

Некои коментираат дека овој пат со модниот избор  и појавата неверојатно потсетува на Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Можеби стилски имаат сличности, но сепак нашиот фаворит е сепак кралицата Летиција.

Објавено:
17 март 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.139 пати