После Кејт Мос, Ким Кардашијан одбра други четири модни икони кои ќе ги рекламираат парчињата од нејзиниот бренд „SKIMS“.
Некогашните „Ангели на Викторија“ се обединија за новата кампања. Тајра Бенкс, Хајди Клум, Алесандра Амбросио и Кендис Сванпул покажаа дека уште се во одлична форма, а Ким уште еднаш покажа дека точно знае што прави.
View this post on Instagram
Се работи за парчиња од колекцијата „Fits Everybody“, која како вели Ким е „size inclusive“ и секоја жена може да се пронајде.
Таа за кампањата одбра четири згодни жени од различни возрасти. Тајра и Клум имаат 48, Амбросио 40, а Кендис 33 години, со што сака да порача дека без разлика на годините, бојата на кожа, или типот на тело, парчињата од нејзиниот бренд ќе ви овозможат совршено тело.
„Не сум била модел за долна облека од моето пензионирање од модната писта, така што ова снимање е навистина посебно. Многу се забавував работејќи со Ким, Хајди, Алесандра и Кендис.“, изјави Бенкс за „Харперс Базар“, додавајќи дека нејзиното тело е поразлично.
View this post on Instagram
„Моето тело е многу поразлично од деновите кога бев доминантна на писта и навистина се радувам што имам шанса да ги покажам и славам облините. Госпоѓо Кардашијан, го направив ова само за тебе!“.
Возбудата ја дели и Амбросио, која за „Харперс Базар“ ќе рече:
View this post on Instagram
„Возбудена сум што сум дел од оваа кампања и со тоа што го претставува. Навистина сум благодарна за можноста со оваа група да продолжиме да ја шириме пораката за самодоверба и само-љубов“.
Дел од фотографиите сподели и Кардашијан на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram