Ова е една од +50 Шпанките со најдобар стил

28 април 2022

Ако треба да посочиме пример како е да се биде најдобрата верзија на себе, тогаш Шпанката Маика Хауреги (51) апсолутно влегува во потесниот избор.

Таа е една од најпознатите стилски консултантки во Шпанија, а покрај тоа и една од највлијателните +50 дами на Инстаграм преку нејзиниот профил @Concept of style, назив што го носи и нејзината агенција за консултација.

Нејзиниот имиџ е олицетворение на елеганција и женственост, па веројатно затоа и многу жени се пронаоѓаат во нејзиниот моден израз, истовремено користејќи го и како инспирација. Но, она што е уште поважно е тоа дека секогаш на себе има детаљ кој дава персонален финиш.

Интересно е што нејзините објави на Инстаграм многу често се проследени и со стилски совети или трикови што ќе ви помогнат да го подобрите својот стил.

Погледнете за што зборуваме.

 

Објавено:
28 април 2022
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
4.219 пати