После речиси три години пауза поради пандемијата, вчера „Авалон“ продукција одржа прес-конференција. Поводот беше претстојниот концерт на легендарната рок група „Дип Парпл“ на стадионот на АРМ.
Сопственикот на продукцијата, Бобан Милошески, не го криеше задоволството што повторно има можност да разговара и да се види со претставниците на медиумите, па оттаму желбата и што подолго да трае средбата.
- Би сакала да си помуабетиме. Да бидам искрен, кога ми текна дека прес-конференција не сме имале три години, а последниот концерт со светска ѕвезда ни бил оној на Брајан Адамс кон крајот на 2019 годин а, се чувствувам малку тажно. Како да см е загубиле три години од животот. Но, драго ми е што гледам дека не сме единствените што издржале - посочи Милошески.
Почетокот на разговорот секако беше резервиран за она што ќе може публиката да го види на 28 мај, денот кога и ќе се случи големиот концерт.
Бобан потенцираше дека ќе биде врвно музичко доживување.
-За овој концерт се носи истата главна сцена од „Егзит“, истата продуцкија, така што концертот ќе биде по светски стандарди и со осветлување и со звук - најави Милошески.
На новинарско прашање дали некогаш ги гледал приватно, тој се осврна на претходниот концерт на „Дип Парпл“ во Скопје.
„Искрено, тоа беше исклучително лош концерт. Членовите во групата не зборуваа еден со друг, имаше некоја напната атмосфера која се чувствуваше. Но, имав можност да ги гледам непосредно пред да почне пандемијата и можам да кажам дека звучат одлично и дека сфатиле како повторно да бидат бенд. Знаете, знаат да ни кажат како носиме некои пензионери, но актуелен си онолку колку што пласираш нови работи. А тие имаат нов албум и се далеку помодерни од некои млади бендови, особено продукциски, имаат многу прегледи на новите платформи...“, смета Милошоски.
Тој додаде дека познатиот рок бенд ќе има и предгрупа и откри дека се работи за млад македонски бенд.
-И од „Дип Парпл“ инсистираа да има предгрупа и тоа да биде некој перспективен бенд од Македонија“, открија од „Авалон“.
Инаку, тие ја искористија можноста да ги најават и следните проекти - концерт на „Дајте музика“ на 27.05 на стадионот АРМ, како и оној на Масимо Савиќ на 29.05, на истата локација, а потоа следува концертот и на Сара Јо и Сенида.
-Од следната година ќе се обидеме да ја смениме стратегијата. Да немаме повеќе помали концерти, туку да одиме на организација на поголеми, стадионски проекти - најави Милошески.
Инаку, доколку се' уште не сте си набавиле влезници, тоа можете да го сторите онлајн на www.avalon.mk, како и на сите продажни места в о мрежата на „Авалон“ низ Македонија.а