Кога носиме бел џинс, парче што и оваа сезона не губи од својата актуелност, лесно може да постигнеме едноставен, а елегантен изглед.
Такви примери ќе најдете во актуелната улична мода, каде ова парче важи меѓу омилените со оглед на тоа дека лесно може да се комбинира со остатокот од парчињата во пролетниот гардеробер, а исто толку лесно може да се прилагоди и на сечиј стил.
Во однос на кроевите, оваа сезона актуелни се парчињата со „ѕвонеста" линија како и оние со поширок крој и висок струк, познати како „mom jeans".
Може да ги комбинирате во комплетни бели комбинации, на пример со бела маичка или кошула и да акцентирате со интересен накит или марама.
Но, исто така белиот џинс може да го стилизирате и во поелегантен изглед со впечатлив топ и високи потпетици, па така да добиете урбан вечерен изглед.
Интересен избор на комбинации со бел џинс во продолжение...