Канје Вест: Дизајнерските брендови се прескапи

2 ноември 2013

Kanye-West

Американскиот рапер во едно интервју ги искритикува реномираните модни куќи како Луј Витон, коментирајќи како нивните модели се прескапи.

Надоврзувајќи се на комплетната приказна, Канје изјави дека никогаш повеќе не би соработувал со Луј Витон поради високата цена на нивните модели.

Канје, кого многумина го нарекоа „Луј Витон Дон“, токму поради неговото обожување на овој бренд, соработуваше со модната куќа во 2009 година, кога ја осмисли линијата патики кои чинеа повеќе од 800 долари.

Вест, потсетувајќи се на таа соработка напомена дека не сака да им прати порака на младите генерации дека треба многу да штедат, за да го пратат неговиот стил на живот.

Иако ги искритикува скапите дизајнерски брендови, Вест нема намера да купува модели на поевтини брендови, како Зара или H&M,  затоа што не се „согласува“ со модниот стил на споменатите брендови. Сепак, тој ја поздравува нивната идеја моделите кои луѓето ги сакаат да ги продаваат по пристојна цена.

Објавено:
2 ноември 2013
Категорија: 
Сцена