Рики Мартин обвинет за инцест - Му се заканува затвороска казна од 50 години

16 јули 2022

Неодамна јавноста беше шокирана од веста дека популарниот пејач Рики Мартин е обвинет за наводно семејно насилство, но жртвата во тој период беше непозната бидејќи неговиот идентитет бил заштитен со Законот 54.

Сепак, анонимноста на виделина беше откриена од Ерик Мартин, брат на пејачот, додека пак тужителот е Денис Јадиел Санчез, внук на музичарот.

Според жртвата, Рики Мартин вршел физички и психички напади врз него во рок од 7-те месеци колку што траела нивната љубовна врска. Но, со новите сознанија дека жалителот е негов внук, случајот добива сосема нова димензија, а казната со која би се соочил пејачот доколку се докаже дека е виновен е 50 години затвор, затоа што според законите на Порторико, станува збор за инцест.

Фото: marca.com

Изворот потврди дека врската меѓу Рики Мартин и неговиот 21-годишен внук завршила пред неколку месеци, а овој медиум објаснува дека насилството за кое е обвинет пејачот се случило како резултат на „неприфаќање на разделбата".

Како одговор на овие обвиненија, Рики Мартин и неговиот адвокатски тим ја подготвуваат одбраната против обвинението на неговиот внук. Судењето ќе започне на 21 јули, кога Денис Јадиел Санчез ќе одговара на прашања пред судијата.

Оние кои се справуваат со одбраната на Рики Мартин тврдат дека внукот неодамна добил тужба од жена која го обвинила за малтретирање откако тој се заканил дека ќе и го уништи животот.

„Уверени сме дека кога ќе излезат на виделина вистинските факти за ова прашање, нашиот клиент Рики Мартин ќе биде целосно оправдан", се вели во соопштението на адвокатската канцеларија на пејачот.

Објавено:
16 јули 2022
Категорија: 
Останати
Прочитано:
142 пати