(Фото) Скопје во август: Летна и лежерна улична мода
•
11 август 2022
Под топлото августовско сонце, во центарот на Скопје, деновиве затекнавме наши сограѓани (а и по некој странски турист), насмеани и расположени да се фотографираат за нашиот фото објектив.
Секој со својата лична стилска приказна, го креира модниот пејсаж на градот и му дава доза на автентичност и својственост.
А во август сѐ е лежерно, лелеаво, обоено во светли тонови и цветни принтови, модно расположение препознатливо за топлите летни денови.
Комбинација од спортска, лежерна и елегантна естетика, во која доминираат парчиња изработени од лесни материјали, рамни сандали и сламени шешири, се најчестиот избор што ќе го забележите на фотографиите од нашата августовска улична мода.
Ѕирнете во продолжение како изгледа август на скопските улици.