5 дена Пиволенд 2022: Повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, забава и среќно Скопје

29 август 2022

По пауза од 5 години, пред скопската публика се враќа Пиволенд.

Во програмата распределена во 5 дена, од 31. август до 4. септември, ќе настапат над 50 музички имиња од Македонија и Балканот, на две сцени лоцирани на плоштад „Македонија", а љубителите на пиво ќе може да бираат од понудата на над 100 видови на пиво.

На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage" и „Craft stage". На „Main stage "ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека „Craft stage" ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.

Пиволенд 2022 има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на млади македонски музички артисти пред публиката, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.

„Мораме да споменеме дека овогодинешниот Пиволенд го враќаме во полн сјај. Подготвени сме да понудиме богата петдневна музичка програма со над 50 музички имиња од Македонија и Балкан, дегустација на повеќе од 100 видови на пиво и одлична храна која ќе ги задоволи сите вкусови и ќе го направи Скопје среќно и центар-место на пивото на Балканот. Оваа година со промената локација, за разлика од традиционалната локација на Скопското Кале, целата манифестација ќе биде организирана на Плоштад Македонија. Очекуваме голем број на посетители не само од Скопје, туку и од целиот регион." - велат организаторите на Пиволенд.

Премиерен настап на Пиволенд ќе има инклузивниот рок бенд ,,Сол Ночиво" во кој учество земаат млади од здружението ,,Во мојот свет" кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар. Овогодинешниот Пиволенд ќе биде и од општествен карактер. На штандовите на Плоштад ,,Македонија" посетителите ќе имаат можност да купат брендирана маица со Пиволенд 2022 која би претставувала убав спомен од целата манифестација, а со секоја продадена маица се донираат 100 денари за здружението ,,Во мојот свет".

Влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

Објавено:
29 август 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
964 пати
Тагови: 
Пиволенд 2022