Нов хит на Инстаграм: Необични перничиња што ќе донесат забава во сечиј дом

22 септември 2022

Ако често следите објави на Инстаграм под категоријата ентериер, веројатно некаде сте налетале и на овие необични перничиња кои со својата вибрантна естетка го освојуваат вниманието на љубителите на уредувањето и постепено стануваат новиот хит на оваа сцијална мрежа.

Зад нивната забавна приказна стои дизајнерката Роуз Гринберг од Лос Анџелес.

Таа е уметница и дизајнерка која своите, веќе популарни, перничиња во необични и неправилни форми, започнала да ги изработува во 2017 година.

Во една прилика, дизајнерката објаснила дека кога се вселила во својот прв стан, сакала да го оплемени на малку поинаков начин и да му даде автентичен дух преку необични детали. Тогаш одлучила да дизајнира нешто свое, карактеристично за нејзиниот карактер и така настанале забавните перничиња.

При изработката, особено внимание посветува на изборот на материјали и дезени, па во нејзината колекција застапени се од еднобојни обложени со кадифе во различни нијанси до такви со интересни принтови и дезени со точки, пруги, неправилни или геометриски форми и апстрактни принтови.

Малку забава во ентериерот, не е на одмет.

 

Објавено:
22 септември 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.286 пати