Дури и ако не ве интересираат мода и трендови, невозможно е да не се забележи доминантното присуство на сезонските јакни – монтки, во излозите, а сѐ почесто и на улиците.
Клучно парче во сезонските аутфити, години наназад.
Зошто? Едноставно, затоа што монтките се така дизајнирани за истовремено да ве стоплат и да се прилагодат во различни комбинации, од спортски до вечерни изданија.
Со оглед на нивната популарност, модната индустрија понуди широк избор на модели во поглед на нивниот крој, должина, бои и дезени, во комбинации со крзнени детали или пак со опција да се откопчат ракавите и да се носат како елек.
Актуелната улична мода инспирира со низа атрактивни комбинации како да ги имплементирате во вашите секојдневни есенски изданија.
Фото: Пинтерест