Знаете што имаат заедничко Адел, Викторија Бекам и Џулија Робертс?

27 октомври 2022

Освен што се извонредно талентирани, во несесерите на овие дами можете да најдетe иста крема создадена исклучиво од природни и органски состојки.

За кој производ станува збор? Weleda Skin Food оригиналната крема. Создадена во 1926 година (да стара е над 95 години). Успевајќи да го издржи тестот на времето, оправдано ја носи титулата на култен крем.

Оваа моќна зелена туба освен што ги освои срцата на славните, исто така е широко употребувана од страна на интернационалните шминкери, како подлога пред нанесување на шминка.

Со години make up артистите на светски модни недели во Милано и во Лондон... го користат нејзиниот потенцијал и како хајлајтер, за истакнување на убавиот изглед на моделите на модните пистите на ревиите.

-Backstage на London Fashion week

Повеќе од 95 години историја.

Иако е формулирана за сува и многу сува и груба кожа, оваа хранлива крема може да се пофали со својата повеќекратна намена.

Можете да ја користите како потхранувачка нега на сувата кожа на лицето, за нега на вашите раце, како маска за интензивна нега на дехидрираната кожа, на сувите делови на лактите и стапалата, за третман на испукани врвови на коса. Иако има густа текстура, таа е неверојатна подлога за шминка за сите типови на кожа. Со тапкање на мала количина вашата кожата веднаш ќе изгледа сјајно и здраво, а одлична е и како придружник при масажи на лицето.

Селебрити фанови

Иако порано Weleda Skin Food крема представувала нешто како тајна во индустријата за убавина, денес многу светски познати личности ја обожаваат.

АДЕЛ за Skin food кремата изјави:
„Поради фактот дека носам многу шминка додека работам, сакам да ја користам Weleda Skin Food кремата како маска, бидејќи се чувствувам исполнето по нанесувањето. Мојата кожа се враќа во живот, се обновува и останува без чувството на тежината што ми ја остава пудрата."

Џулија Робертс вели дека еден од производите кои секогаш мора да го има е Skin Food кремата. Во интервју кое се однесува за нејзината skin care рутина, нагласи дека токму оваа крема ја користи секојдневно за нега на рацете и стапалата, бидејки и обезбедува интензивна хидратација и нега.

Викторија Бекам, за британскиот Vogue покажа што носи секогаш со себе во својата чанта- а тоа е секако Weleda Skin Food крем. „Опседната сум со него...го нанесувам на целото тело. Секогаш го носам во чантата, за да можам да го користам како крем за раце во секој момент. А со следбениците на Instagram сподели трик како да го продолжите вашиот летен тен!

Уште една во низата на позната личност која препознава квалитет и го избира за својата кожа најдоброто од она што ни го дава природата е Rihanna која редовно го користи Skin Food кремот на рацете и нозете, пред педикир и маникир, за интензивна хидратација и нега и да ја направи кожата помека и подготвена за третман за убавина.

Неодамна, Victoria's Secret моделот Rosie Alice Huntington-Whiteley, сподели на нејзиниот Instagram Story дека Skin Food кремот е дел од нејзиното секојдневие.

100% Природна

Што всушност оваа култна крема ја прави толку посебна?

Нејзиниот целосно природен состав кој вклучува екстаракт од органска камилица, невен и темјанушка кои имаат обновувачки и смирувачки својства, рузмарин со ревитализирачки, стимулирачки и затоплувачки својства. Растителните масла и восоци ја даваат култната густа и богата текстура која се топи на вашата кожа. И покрај сите овие екстракти изобилува и со есенцијални масла од сладок портокал и лаванда кои го даваат свежиот и смирувачки мирис.

Со годините Weleda ги создаде и останатите членови на Skin Food семејството.

Skin Food Light крема – Полесна текстура од класичната Skin Food крема. Идеална доколку сакате полесна текстура или вашата кожа е нормална до комбинирана.

Skin Food Путер за тело – Со густа путерна текстура, тој е раскошот на Skin Food семејтвото, кој обезбедува интензивна исхрана на кожа на телото. Неговиот луксузен мирис се задржува долго на кожата и ги буди сите сетила. После него се чувствува силен бран на свежина и енергија.

Skin Food Балсам за усни - обезбедува чувство на неодоливо нежни усни, топејќи се на нив, ги штити и остава благ сјај.

Skin Food Лосион – е најновиот член на Skin food семејството кој обезбедува долготрајна хидратација и интензивна исхрана на кожата со флуидна формулација која лесно се нанесува низ целото тело. Воодушевени сме што го има истиот возбудлив мирис на Skin Food.

 

 

Објавено:
27 октомври 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
924 пати