Поранешниот креативен директор на Burberry лансира сопствен моден бренд

7 ноември 2022

Откако Даниел Ли го замени Рикардо Тиши како креативен директор на Burberry, едно од најгорливите прашања кои циркулираа во модната сфера беше „кој ќе биде следниот потег на Тиши?"

Имено, Рикардо Тиши во Burberry постигна одлични резултати и му даде на брендот шмек на свежина, па веста за основање на сопствен моден бренд пријатно ги изненади неговите обожаватели!

Неодамна дизајнерот објави фотографија од фустанот кој го дизајнирал за својот бренд, а кој го носеше Михаела Коел на лондонската премиера на новиот филм „Black Panther: Wakanda Forever".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@nailedbysg)

Како што пишуваат светските медиуми, фустанот е соработка помеѓу дизајнерот, актерката и нејзината мајка, а креацијата блеска во полн сјај на елеганција и изобилува со значајни детали.

Фустанот е конструиран во форма на боди, додека долниот дел е изработен од богати слоеви тантела. Исто така, актерката и сценаристка, Коел, за пригодата носеше едноставни црни сандали со тенки и остри потпетици

Овој фустан е идеален пример за тоа како со едноставни дизајнерски решенија можете да постигнете ефективен модел, да го усогласите секси и класичниот изглед и апсолутно да блеснете. Со оглед на тоа што досега е претставен само овој фустан, се претпоставува дека и остатокот од колекцијата на новиот бренд на Рикардо Тиши ќе следи слична насока.

Објавено:
7 ноември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
360 пати