Фантазија: Празничните излози на Диор!

13 декември 2022

Празничните излози на Диор во стоковната куќа „Хародс" во Лондон се фантазија!

Тим од дури 200 луѓе цела година работеле на вонсериската светлечка инсталација која краси фантастични 44 излози преку кои стоковната куќа им посакува среќни празници на минувачите и посетителите.

Оваа бајка обоена во златни тонови, вклучува специјална селекција на уникатни парчиња од кутур колекциите на брендот, од женските, машките и детските линии, како и козметика од линијата Dior Beauty.

Празничниот дух на Лондон е во полн сјај!

 

Објавено:
13 декември 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
842 пати