За жените со помалку килограми - одберете го стилот на Мишел Фајфер
•
22 декември 2022
Мишел Фајфер важи за една од најубавите жени во Холивуд. Иако веќе ја ситни седмата декада, на свои 64 години, се уште негува младешки стил и изглед.
Многумина ја паметат по култната улога во филмот Scarface, каде што се појави покрај легендарниот Ал Пачино и ги собра симпатиите на сите.
Оттогаш кариерата и тргнува во нагорен правец, успешно редејќи улога зад улога.
Но, и покрај славата и сите бенефеции што доаѓаат со неа, Мишел е една од најприземните актерки во Холивуд. Таа е следбеник на лежерниот стил и честопати се појавува во комбинации што изгледаат ултра комфорно, но со стил.
Мишел Фајфер и нејзиниот стил во чест на сите жени со помалку килограми.
Фото: Pinterest