Златан Ибрахимовиќ и Џејн Фонда се обединија во кампања за H&M

13 јануари 2023

Познатата фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ и холивудската дива Џејн Фонда се обединија во новата кампања на шведскиот гигант H&M Move за спортската линија Empower.

Сè околу концептот на колекцијата е поврзано со активниот начин на живот, па главната порака која ја испраќаат водечките ликови во кампањата е: Движете се!

„Секој од нас може да биде во движење, само важно е да ја пронајдеме онаа активност која ни се допаѓа, која ни годи. Затоа истражувајте, пробајте нешто ново. Да бидете активни значи да се забавувате. Ако можам да ги инспирирам луѓето да направат нешто за себе и за своето тело, јас сум среќен и тоа го сметам за успех", вели познатиот фудбалер за идејата на кампањата.

Интересно е тоа што парчињата во колекцијата, како што се комбинезони, градници и маички по кратки ракави, се изработени од т.н DryMove, материјал кој гарантира удобност при движењето додека ја упива влажноста од кожата.

Веќе од вчера, оваа спортска линија е пуштена во продажба.

 

Објавено:
13 јануари 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
214 пати