Јапанди - спој на скандинавски и јапонски дизајн, тренд во уредување на домот

25 јануари 2023

Можеби веќе сте го сретнале терминот јапанди доколку сте пребарувале за уредување на домот. Јапанди е всушност спој на јапонски и скандинавски стил на уредување, кој што претпочита минимализам.

Станува збор за естетски, рачно изработени парчиња што внесуваат спокој во просторот.

За овој стил зборува и авторката на книгата Japandi Living, Лајла Рајтберген, која информира дека спојката на јапонски и скандинавски елементи датира уште од 1860-те.

Овие две земји имаат заеднички карактеристики, односно преферираат минималистички декор, топли тонови и природни материјали.

Она што можеме да го најдеме во елегантно уредените кујни во јапонскиот стил се елементи во светлокафена боја надополнети со окер и жолти тонови во трпезаријата, а тука е и зеленилото во форма на саксиско цвеќе.

Како што вели Рајтберген и двата дизајна ја нагласуваат важноста на природата, не само преку бои, туку и преку материјалите. Се акцентира користење на дрво и лен, со цел да се постигне мирна атмосфера.

Друг важен момент во јапанди стилот е елеминирање на нередот. Авторката вели дека средувањето на домот треба да се третира како радосен момент, а не како задача.

Искористето го чистењето на домот за да размислите дали предметите околу вас ве прават среќни.

Целата филозофија на Јапанди се заснова на тоа дека less is more и дека многу е важно сами да ги избирате предметите во домот.

Фото: Pinterest

Објавено:
25 јануари 2023
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
520 пати