Сите во црно на првата вечер на Балканските музички награди MAC

26 јануари 2023

Балканската музичка естрада вчеравечер повторно се собра на веќе традиционалното доделување на Балканските музички награди MAC, кое се одржува во Штарк арената во Белград.

Манифестацијата на која им се одаваат признанија на најуспешните од регионалната музичка сфера, цели да се профилира како настан од светски ранг и е на добар пат ако се земе во предвид целата организација, продукција и грандиозната сцена.

Меѓу најатрактивните гости на првата вечер, беше Констракта која ја освои и најпрестижната награда, Golden MAC која ја добиваат артисти за особен придонес, покрај Наградата за интернационален придонес за Србија. Своја и неконвенционална, беше една од највпечатливите и кога изгледот е во прашања. Црниот фустан со висока бела јака во стилизиран, викторијански стил се покажа како ефективен избор компатибилен со веќе препознатливиот сценски имиџ што Констракта го присвои по нејзиниот Евровизиски настап.

Со награди си заминаа и Боро Чорба, Петар Грашо, Јелена Розга, Александра Пријовиќ, Зорја Пајиќ...

Нашата Каролина Гочева имаше спектакуларен сценски настап, на српската верзија на темата „Од небо до дно". Во согласност со пропишаниот дрес-код, на црвениот тепих Каролина продефилира во елегантно издание, во макси црна транспарентна тоалета со длабоко деколте, стилизирана со ефективен накит околу вратот.

Домаќини на првата вечер на настанот, беа Тончи Хуљиќ и Јелена Гавриловиќ, авангардни во изгледот, како што впрочем ваков настан не само што дозволува, туку и заслужува.

Интересно беше да се примети дека сите присутни  беа облечени во црно, како форма на дрес-код на настанот, што во еден момент водителката Гавриловиќ го објасни како еден начин да им се даде почит на оние кои веќе не се меѓу нас, а од друга стран црната дава слобода секој да ја толкува на свој начин.

Еден дел од програмата Тончи Хуљиќ посвети на маестро Масимо Савиќ, пристетувајќи се на неговата големина и како човек и како уметник.

Вториот дел од настанот е закажан за вечерва, а како што најави Гавриловиќ, овојпат кодексот на облекување ќе биде целосна спротивност на првата вечер, односно сите присутни ќе бидат облечени во бело.

Погледнете дел од амбиентот низ фотографиите во продолжение.

Извор: Инстаграм, MAC, Story.Srbija

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Magazin (@hellomagazinsrbija)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MAC (@music.awards.ceremony)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nika Turković (@nikaturkovic)

Објавено:
26 јануари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.883 пати