Farina’s handmade, уникатни рачни изработки во игриви бои и форми

27 јануари 2023

Вредните раце на луѓето кои стојат зад македонската креативна работилница Farina's handmade создаваат прекрасни изработки за различна употреба.

Најчесто за работа користат глинамол, а откако дизајнот ќе биде изработен, истиот се слика со акрилни бои и се премачкува со епоксидна смола.

Другиот тип на накит го изработуваат од форекс, на тој начин што аплицираат слика на него и на крај ги премачкуваат со смола.

Резулатот е навистина воодушевувачки, разновиден накит и колоритни брошеви и беџови коишто ќе внесат доза игривост на секое парче облека.

Фото: Instagram

Објавено:
27 јануари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
350 пати