Еве како навистина изгледа замок од бајките

7 февруари 2023

Ако некогаш сте се запрашале како навистина изгледа еден замок од бајките, ние го имаме одговорот. Ниедна друга слична градба што досега сте ја виделе не може да се спореди со бајковитиот Нојшванштајн.

На прв поглед тешко е да поверувате дека ваков замок вистински постои некаде. Ова неверојатно здание е изградено во XIX век на стрмен рид во југозападна Баварија во Германија.

Го нарачал кралот на Баварија Лудвиг II кој го користел како еден вид на засолниште. Со оглед на неговата грандиозност, замокот е едно од најфотографираните градби во Германија и едно од најпопуларните туристички места. .

Додека бил жив Лудвиг не примал посетители во неговите замоци, но по неговата смрт во 1886 замокот бил отворен за јавноста. Оттогаш до денес Нојшванштајн го имаат посетено над 50 милиони луѓе.

Целиот дворец се состои од стражарница, одрина, витешки дом со квадратна кула, и утврден замок, со две кули на западниот крај. Покрај тоа во замокот има и престолна одаја, капела, соба направена да личи на пештера, комплетна кујна со топла и ладна вода, соби за послугата, работна соба, трпезарија и сала за изведба на музички и драмски дела.

Денес можеме само да си замислуваме како се живеело во еден ваков дворец и да се согласиме дека Нојшванштајн е едно од најмагичните места во светот.

Фото: Instagram

Објавено:
7 февруари 2023
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
725 пати
Тагови: 
замок