Какви чевли да одберете со мини здолниште

11 ноември 2013

mini

Речиси да не постои жена што не сака да носи мини здолниште. Но, она во што многу жени грешат не е само должината на здолништето, туку и изборот на чевли. Лошиот избор на обувки може да ја уништи вашата комбинација, затоа треба да внимавате.

1.Чевлите одберете ги во зависност од пригодата - За секојдневни случување и пригоди, изберете сандали или балетанки, за да го истакнете мини здолништето кое го носите. За поелегантните случувања, како забави да речеме, вистинскиот избро се чевли со помала платформа или сандали со ременчиња, за вашите нозе да дојдат во прв план. Размислете за тоа каков изглед сакате да постигнете.

2.Чизми - Ако сакате да постигнете ретро изглед, изберете чизми до колена. Но, видете дали соодветствуваат со вашата блуза. Ако вашиот избор се чизми со потпетица, проверете дали потпетицата соодветствува со бојата на вашите чизми.

3.Балетанки - Ако имате долги и витки нозе, тогаш балетанките се идеално решение за вас. Тие одлично се комбинираат со мини здолниште, а можете слободно да се движите.

4.Патики - Изберете патики или старки со мини здолниште и ќе постигнете панк изглед. Ако одите во шопинг и потребна ви е удобна обувка, ова е најдобрата опција.

5.Чевли со ниска потпетица - Ако имате изразени колкови и бедра, овие обувки се идеални за вас, затоа што ќе ви ги истакнат нозете. Со овој тип на чевли ќе изгледате повисоки, па поситните жени би требало да ги одберат.

mini2

6.Платформа - Веќе споменавме дека мини здолништето е одличен начин да се истакнат нозете. Ако имате што да покажете, не го сокривајте тоа. Сандалите на пларформа можете да ги најдете во најразлични стилови и големини, па одберете ги оние што можат да се комбинираат со разни блузи, маици, кошули...

7. Земете ги предвид временските прилики. Четирите годишни времиња ви даваат шанса да експериментирате со различни стилови и изглед. Во пролет или лето, мини здолништата идеално е да се носат без хулахопки. Но, во меѓувреме, односно во зима искомбинирајте ги со хулахопки со дезен и ќе добиете сосема нов узглед.

8.Избегнувајте да носите високи потпетици. Од очигледни причини, да се носат мини здолништа со високи потпетици може да биде непријатно, особено ако ви се случи да се слизнете. Но, ако умеете убаво и цврсто да чекорите со вакви чевли, тогаш слободно можете да ја одберете оваа комбинација.

Објавено:
11 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам