Како за понеделник одбравме едно тренди летно парче - фустан кошула. Едноставен и практичен стајлинг за топлите летни денови којшто можете да го комбинирате со сè.

Денешната спојка е со бели патики кои совршено одговараат на тегет нијансата на фустанот.

Сламените чанти се хит сезонава, па затоа ќе финишираме со таков модел.

Имајте убав понеделник.

Фото: Pinterest

Објавено:
21 август 2023
Категорија: 
Стајлинг на денот