Екслузивен двоен јубилеен концерт Првите мои 20 во 30

18 септември 2023

- 30 години уметничка и педагошка дејност на м-р Ерхан Шукри
- 20 години Гудачки камерен оркестар "АРКО"

Концертот е со хуманитарен карактер за децата со дијабетес, а програма ќе има за сечиј вкус: класика, оперски арии, балет, филмска музика, фламенго, рок, латино, преку ориентот до нашиот фолклор.

Премиерно за прв пат во Македонија истанбулско класично кеменче со харизматичната Нагме Јаркин и панова фрула на атрактивниот Ајдн Јаваш од Турција.

Присутните ќе можат да уживаат и во изведбите на:

Одличниот баритон Џемиљ Реџепи од Италија
Сопран - романтичната Ивана Здравкова од Австрија
Виолинистите Михајло и Момчило Куфојанкис
Кралица на харфата Мерсиха Шукри
Виртуозот на мандолина Лазар Сандев
Кадифениот вокал на Добрила Грашеска
Нашиот маестрален актер Никола Ристановски
Мандолински оркестар "Скопје"
Детски хор "Св. Кирил и Методиј" од Велес
Специјален гостин на концертот Маестро Рамадан Шукри
Диригент Ерхан Шукри

Ова ќе биде вечер исполнета со многу музика, љубов и хуманост. Да помогнеме на ранливата категорија на семејства.

Со вашите купени билети да обезбедиме ленти и глукомери за нашата иднина, најмилите - децата со дијабетес.

Концертот ќе биде на втори октомври во Национална Опера и Балет, со почеток од 20:00 часот.

Билетите можат да се купат преку Купи Карти За Сè.

 

Објавено:
18 септември 2023
Категорија: 
Култура