Деми Мур одбра портокалова комбинација за првиот ред на ревијата на Фенди

21 септември 2023

Впечатлива, смела и женствена, 60-годишната холивуска актерка Деми Мур беше една од гостинките која привлече најмногу внимание на ревијата на Фенди.

Актерката на себе носеше дводелен Фенди сет, миди здолниште и топ во портокалова боја, комбинација која балансира меѓу урбан и елегантен изглед, а го надополни со наметка во нежно сина боја.

Во првиот ред друштво ѝ правеа и актерката Кристина Ричи и топ моделите Наоми Кембел и Амбер Валета.

 

Фото: Инстаграм

Објавено:
21 септември 2023
Категорија: 
Sweet 40+