Понеделник во фустан и кожна јакна
•
9 октомври 2023
За да имаме убав старт на работната недела одбравме и интересен стајлинг што сигурно ќе привлече внимание.
Понеделнички стартуваме со велур, макси фустан во земјени тонови, како што прилега за ова годишно време.
За да ја загрееме малку модната игра додаваме црвена кожна јакна и црни чизми над глужд.
На овој начин добиваме една бајкерска елеганција во која што ќе сакаме да го поминеме денот.
Фото: Pinterest