Продуцентот на „Лица и дела“, Симе Младеновски добитник на две награди за мир и хуманост

9 октомври 2023

Продуцентот на емисијата „Лица и дела" која се емитува на Тв Сонце, Симе Младеновски е добитник на две награди за мир и хуманост: „Мајка Тереза" и „Цветинова награда" кои му беа врачени деновиве на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.

„Наградата „Мајка Тереза" посебна ми е драга затоа што е награда за мир и хуманост и сите знаеме што правела мајка Тереза и колку работела колку била хумана и колку посакувала мир во светот. Драго ми е што токму јас ја добив и ми беше врачена од Живко Поповски Цветин кој е големо име во ликовната уметност и во културата кај нас", вели наградениот продуцент, Симе Младеновски кој потенцираше дека преку манифестацијата „Сплоти се Македонијо", успеале да упатат масовна порака за меѓусебна поддршка и вмрежување на сите Македонци низ светот.

Инаку наградата „Мајка Тереза" ја добиле значајни имиња кај нас, меѓу кои и академик Ферид Мухиќ, шаховскиот мајстор Димитар Илиевски, Коста Балабанов, академик Јордан Плевнеш, проф.д-р. Олга Скариќ, Драган Мијалковски и уште многу други значајни имиња од културниот и општествениот живот.
По повод свеченото врачување на овие награди, Младеновски упати порака:

„За крај ќе го кажам следново: животот е краток роман кој брзо се чита, споро се листа, секогаш е недокажан и нема реприза. Ако сакаш да дојдеш до целта помини ги сите бариери неуморно работи креирај успехот е неминовен".

 

Објавено:
9 октомври 2023
Категорија: 
Култура